Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за надворешна политика во Софија – Весела Чернева вели дека Македонија тешко ќе почне преговори со Европската Унија.
Вели дека тешко е да се замисли дека Република Северна Македонија може наскоро да ги започне преговорите со ЕУ.
Според неа, гледаме дека и за двата клучни договори за оваа земја – оној со Бугарија, последователниот француски за промени на Уставот, а исто така и Договорот од Преспа од една година претходно, кој го отвори патот на Македонија кон членство, се пред замрзнување.
„Овие типично симболични гестови од страна на новиот македонски претседател навестуваат прилично студена клима и се чини дека оваа земја нема да биде меѓу првите што ќе преговара и ќе напредува во однос на ЕУ“ – рече Чернева.
Изјави дека „ЕУ почна да зборува за проширување во последните година и пол многу поактивно, но не поради балканските земји, туку поради Украина и Молдавија“.