Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со срество за убивање паразити.
Децата од Липница во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.
Како што пишуваат медиумите во Србија, мајката се капела себе си и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви.
Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки.
Наводно советот и го дала бабата на момчето.
Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози.
„Децата се донесени во Ургентниот центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресат. Едното е веднаш префрлено на интензивна нега бидејќи веќе е примен во кома. Состојбата на другите деца до некаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на локалната болница.