Со радарска контрола на улиците и патиштата низ Македонија сообраќајната полиција вчера регистрира 807 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина.
МВР информира дека 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место.
МВР информира дека на територијата што ја покрива СВР Битола за брзо возење се напишани 251 казна, на територијата на СВР Тетово казнети се 188 возачи за брзо возење, a во Скопје 181 возач.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.