
Една жена на возраст од 77 години загина во пожар во Дебрца, а пожарникарите извлекоа и две лица со изгореници. Нејзината сестра е во болница.
Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски информира дека пожарот e пријавен утрово во 8:25 часот при што на лице место sе испратени петмина пожарникари со две интервентни возила. Причините за пожарот се непознати.
Јанкуловски апелира граѓаните навреме да ги чистат оџаците и да внимаваат при користењето на продолжните кабли.