700 нови работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата. Заклучно со мај, бројот на работни места достигна речиси 16.900. Тоа е за 15% повеќе од мај 2022, односно за 21% и 25% повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува анализата. Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 наши сограѓани, информираат од Дирекцијата на ТИРЗ.

„Продолжува и растот на извозот кој заклучно со мај достигна 1.601 милијарди евра. Тоа е за 13% повисок споредено со првите пет месеци во 2022 година, односно за 22% повеќе во однос на истиот период во 2021. Само во мај компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 373 милиони евра што е највисоко ниво од почетокот на годинава и највисоко ниво на извоз споредено со месец мај во изминативе четири години. И увозот во првите пет месеци од годинава достигна над 1,300 милијарда евра што е за 2% повеќе од истиот период лани, а на исто рамниште со 2021. Само во мај годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 285 милиони евра што речиси на исто рамниште со мај 2022 година и за 14% повеќе споредено со мај 2021 година“ велат оттаму.