64 загинати во најсмртоносната акција во историјата на Бразил – операција против шверцери на дрога во Рио де Жанеиро

Најмалку 64 лица загинаа, меѓу кои и четворица полицајци, во големата полициска операција против трговци со дрога во бразилскиот град Рио де Жанеиро, соопшти локалната полиција.

Најмалку 64 лица загинаа, меѓу кои и четворица полицајци, во големата полициска операција против трговци со дрога во бразилскиот град Рио де Жанеиро, соопшти локалната полиција.

Масовната операција беше концентрирана во две од најсиромашните населби (фавели) во северниот дел на вториот по големина град во Бразил, кои се наоѓаат во близина на меѓународниот аеродром.

Како поддршка на полицајците беа испратени два хеликоптера, 32 блиндирани возила и 12 машини што се користат за отстранување на барикадите, поставени од шверцерите за да го спречат минувањето на полицијата низ тесните улички во гетата на градот.

Локалните медиуми посочуваат дека операција е најсмртоносната полициска акција во историјата на сојузната држава Рио де Жанеиро, која се наоѓа во југоисточниот дел на Бразил.