500 евра казна за носење платнена маска во Романија

Построги правила поради зголемениот број случаи на коронавирус во Романија, мора да се носи хируршка или ФФП2 маска во затворени и отворени јавни простори.

По новите правила, платнените маски се забранети, а за оние кои ќе продолжат да носат текстилни маски, воведени се казни и до 500 евра.

Носењето хируршки маски или маски ФФП2 е задолжително за сите Романци над 5 години, и внатре и на отворено.

Баровите и рестораните ќе работат со капацитет од 50 или 30 отсто во зависност од стапката на зараза во нивната област.

Романија регистрираше помалку од 1.000 нови случаи на коронавирус во средината на декември, но бројот на заразени се искачи на околу 6.000 дневно во текот на изминатата недела.

Досега во Романија се регистрирани 300 случаи на варијантата Омикрон.