
50 години затворска казна за членовите на криминалната група од Грчец
Вкупно 50 и пол години затвор им пресуди Кривичниот суд на шестмина членови на криминалната група Грчец, од кои четворица за неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, а двајца за злосторничко здружување за вршење на двојно убиство од одмазда и по порачка.
Вкупно 50 и пол години затвор им пресуди Кривичниот суд на шестмина членови на криминалната група Грчец, од кои четворица за неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, а двајца за злосторничко здружување за вршење на двојно убиство од одмазда и по порачка. Дилерите добија по 5 односно 6 години затвор, а убијците по 14 години затвор, за две убиства.
Судот ги прогласи Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани за виновни за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од член 215 став 3 од Кривичниот законик. Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор од 5 години, додека Бесим Асани доби 6 години.
Останатите двајца, Фати Сулејмановски и Шулејб Сулејмановски, Судот ги прогласи за виновни дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од член 394, став 3 и Убиство од член 123 став 2, точка 5 од Кривичниот законик.
Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиство и една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 14 години и шест месеци.
Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиств и на 2 години за Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 15 години.
Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година. Во групата учествувале 15 лица, од кои дел се починати, а дел се недостапни на органите на прогон.