Агенцијата за управување со недвижен имот во последната своја акција за ослободување од запленет имот за кој се решени кривично – правните постапки, на 45 државни институции им додели возила за користење, а на бројни институции и уставнови, како што информира директорот Дригон Небиу, и неодамна запленета храна, како и облека, разни предмети и средства кои со години стоеле во царинските складови.
„Во рамки на моделот за социјалната реупотреба, односно донација за општествени цели, во периодот од 3 месеци спроведено е бесплатно отстапување на вкупно 45 автомобили, и тоа на следните институции: Министерство за правда, Министерство за здравство, Министерство за информатичко општество и администрација, Затвор Идризово, Општина Гостивар, Управа за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи, Национални шуми-Скопје, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, АД Пошта на С.Македонија, Општина Крушево и многу други институции“, вели во својот извештај директорот на Агенцијата Дритон Небиу.
Тој преку Фејсбук открива дека меѓу институциите кои добиле донација е и новинската агенција МИА.
По последната акција на надлежните органи во која беше запленета голема количина на зеленчук и овошје, Агенцијата информира дека веднаш запленетата храна ја донирала на ИП „11 Октомври“ – Скопје, на Државно рехабилитациско училиште за деца и млади лица со пречки во видот „Димитар Влахов“ Скопје, наУниверзитетска клиника за физиотерапија и медицинска рехабилитација на ИСХП – Скопје, на Здружение за слепи лица – Куманово, на ЈЗУ Специјална болница за гинекологија „Мајка Тереза“, на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, на -Завод за белодробни заболувања кај деца Козле, на ИП Институт за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и на КПУ Идризово.