
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјавил дека Берлин не може да бара од земјите во развој да се откажат од просперитетите кои ги ужива Западот, но би можела заедно со нив да работи на технологии кои би можеле да им помогнат да ги развијат своите економии на климатски прифатлив начин.
Шолц на маргините на климатскиот самит „COP27“ кој се одржува во Шарм ел Шеик во Египет, рекол дека преку технологиите кои ги развила Германија може да се постигне и економски напредок и високо ниво на индустријализација без штета по околината.
Шолц го спомнал и затворениот климатски активист и блогер кој штрајкува со глад Алаа Абд ел-Фатах.
„Треба да се донесе одлука, да биде ослободен, за да не умре во затвор“, им рекол Шолц на новинарите.