350 дена судскиот процес „Ласкарци“ стои закочен. Седуммина вештаци добиле задача во март да изработат супервештачење за да откријат дали за несреќата се виновни сообраќајни или машински проблеми.
Но, и по безмалку една година бирото за вештачење и кривичниот суд со меѓусебни обвинувања. Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев тврди дека 8 – пати се обратил до бирото, но не добил одговор зошто супервештачењето сеуште не е готово.
Телма ги послуша насоките на Џолев и се обрати до бирото за вештачење. Оттаму, потврдуваат дека извештајот е при крај, но недостига аналииата на автобусот за што е потребна дозвола од судот. Ја побарале уредно, но и по еден месец нема одговор на барањето
Во март го превземавме предметот и 4 вештаци од областа на машинството и тројца сообраќајни инженери работат на супервештачењето. Анализирани се сите изјави,докази и претходни вештачења, и потребно е да го прегледаме автобусот. Испративме барање до судот за пристап до автобусот и одредивме 17 октомври да ни се дозволи да извршиме увид. Терминот помина, но сеуште немаме одговор од судот. Доколку го завршиме увидот во наредниот период, до крајот на годината супервештачењето ќе биде готово и ќе го испратиме до судот, велат од бирото за вештачење
Освен, „Ласкараци“, во застој е и предметот „Тендери“ во кој се гони поранешната министерка за култура. Со месеци се чека супервештачење. Прашан како да се откочат судските предмети, ресорниот министер за правда Никола Тупанчевски нуди нов закон за вештачање.
Додека, обвинетите и оштетените чекаат брза и точна правада, судовите најавија дигитализација. Судница во кривичен во Скопје се опремува со технички помагала со цел да се забрзаат судските рочишта, но и да се засили довербата во судството, порача министерот Тупанчевски.