Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 345 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 173 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, 27 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.