Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 302 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 13 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.