30 години партнерство меѓу Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт

Одбележуваме 30 годишно партнерство со националната гарда со Вермонт. Ова партнерство не е само потпишан документ туку подадена рака и постојана поддршка низ сите овие триесет години, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по средбата со генерал-мајорот на националната гарда на Вермонт Грегори Најт

Таа во изјавата по повод годишнината од соработката на АРМ со војската на САД рече дека овие треиест години соработка се одбележани со над 350 вежби обуки, тренизнзи низ минале над 1.800 армиски припадници.

-Но една исклучителна мисија тешка, осапсна, но успешна, заедничка мисија со американската војска во Авганистан во 2010 година. Иако тоа беше прва мисија резултатите се одлични. Припадниците на АРМ беа храбри одлучни, решителни и подготвени да ја остварат мисијата, која им беше доверена. Припадниците на Македонската Армија ниту тогаш ниту денес не разочараа и не потфрлија, напротив учеа и учат се надградуваат споделуваат знаења и заедно со припадниците ан војската на Вермонт го градат и чуваат нашерто сојузништво, изјави Петровска.

Во воведното ображање од АРМ изјавија дека во мисијата ИСАВ во Авганистан учествувале две единици во јачина на вод како наменски сили Феникс.

-Во оваа мисија 79 припадници на армијата беа целосно интегрирани во бригадниот борбен тим на вермонт, оценети со највисоки оценки со своето залагање пожртвуваност и воени вештини за што од САД беа одликувани со седум медали за армиско достигнуваљње 30 значки за учество во директни борбени дејства 79 медали за пофалба на армијата на САД и 79 медали за исклучителни достигнувања на националната гарда на Вермонт, изјавија од АРМ.