30 години од првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација

Денес македонскиот фудбал слави јубилеј – 30 години од првиот меѓународен натпревар!

Првиот натпревар Македонија го одигра две години по независноста, на 13 октовмри 1993 година во Крањ против Словенија и тоа беше фантастичен почеток со оглед на тоа дека славевме победа од 1:4.

На тој натпревар за Македонија настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски – тоа беше стартниот тим, а од клупата шанса добија: Неџмедин Мемеди, Горан Георгиевски, Ванчо Мицевски и Сашо Милошевски.

Од клупата беа предводени од Андон Дончевски.

Македонија отвори многу брзо, во третата минута преку Бошковски, потоа најпознатиот во тимот Дарко Панчев зголеми на 0:2, Јаневски погоди за 1:3, а конечните 1:4 ги постави Драган Канатларовски.