30 години од првиот Буџет во земјава
Пред точно 3о години е изгласан првиот Буџет на земјава од прогласување на независноста. Тогашната вредност била 79,2 милијарди југословенски динари или денешни 1,2 милијарди евра.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими на Фејсбук пишува дека Буџетот претставува едно од главните обележја на самостојна и независна држава.
„Оттогаш, секоја година по предлог на Министерството за финансии, Владата го предава предлог-буџетот до Собранието, во кој се планираат средства за економски развој, за капитални проекти, за здравство, образование, безбедност, екологија, наука и култура“ – пишува Бесими.
Министерот порача дека во добрите времиња Буџетот го поттикнува развојот, а во време на криза дава поддршка за пребродување на истата.