30 години „Дајнерс“ во Македонија – Милчо Манчевски режисер на спотот
Спотот ја доживеа својата промоција во година на две големи јубилеи – 30 години „Дајнерс“ во Македонија и 30 години од култниот филм „Пред дождот”
Во годината кога Diners Македонија слави 30 години од своето основање, светски познатиот режисер Милчо Манчевски создаде уникатен ТВ спот со работен наслов „Afterparty“. Оваа соработка доаѓа токму во година во која се одбележуваат и 30 години од излегувањето на култниот филм „Пред дождот“ – едно од најважните дела на Манчевски.
ТВ спотот „Afterparty“ носи енергија и забавен дух, кој совршено се вклопува во мотото на Diners Club – „Кога сакаш повеќе“. Спотот ги прикажува популарните македонски актери, Никола Ристески и Ана Стојановска, како уживаат во нивната приватна „afterparty“ забава до утринските часови. Освен нив, една од главните „звезди“ на спотот е познатиот и вкусен бурек, деликатес кој често се поврзува со доцните забави низ Скопје и Македонија, па природно, Манчевски му го најде неговото место и овде.
Овој спот не само што го прославува Diners како бренд, туку и ја зајакнува неговата врска со локалната култура и македонските потрошувачи. Со над 30 години во Македонија, Diners Club беше првата кредитна картичка во земјата и се етаблираше како симбол за престиж, финансиска флексибилност и ексклузивни привилегии.
Со спотот „Afterparty“, Diners повторно ја нагласува својата позиција како водечки бренд за сите оние кои сакаат повеќе од животот – повеќе забава, повеќе привилегии и повеќе искуства.
Но, Diners не е само првата кредитна картичка во Македонија, туку и глобален пионер. Во 2025 година, Diners на меѓународно ниво ќе го прослави своето 75-годишно постоење, одбележувајќи долгогодишна историја на финансиски иновации и услуги на највисоко ниво. Од компанијата најавуваат многу новитети во работењето во тек со најновите случувања во индустријата, и тоа велат дека за истите нема да чекаат до јануари, туку дека истите ќе почнат да ги промовираат и многу порано.
Се надеваме дека сите што ќе го погледнат, ќе уживаат во овој за нас специјален ТВ спот и дека сите наши постоечки и нови членови ќе продолжат да ги откриваат многуте придобивки што ги носи Diners клубот. Секој кој сака повеќе од животот, мислам дека своето место многу лесно ќе го најде тука. Како што вели нашиот слоган, Diners Македонија е „Клуб во кој припаѓаш“ – изјави Тони Јанковски, директор за развој и иновации во Diners.