Албанија денеска ги прекина дипломатските односи со Иран, откако ги обвини за голем број сајбер напади врз таа земја, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.
Иранската амбасада во Тирана доби официјално известување во кое се бара целиот нејзин дипломатски, технички, административен и безбедносен персонал да ја напушти територијата на Албанија во рок од 24 часа.