271 казна за возачите во главниот град

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 271 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 36 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се седум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, осум мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.