25 години подоцна: Дејвид и Викторија Бекам ја рекреираа својата венчавка

Дејвид и Викторија Бекам се заедно веќе 25 години. Иако медиумите на Островот постојано ги растргнуваа во изминатиот четврт век, нивната љубов издржа повторно да цвета виолетовo. По повод нивната сребрена венчавка, легендата на англискиот фудбал и поранешната пејачка од „Спајс грлс“ рекреираа една од фотографиите од денот на свадбата.

Тие се венчаа на 4 јули 1999 година во замок од бајките надвор од Даблин, а по официјалната церемонија Вики ја соблече белата венчаница и ја замени со виолетова, а Дејвид го смени и својот бел смокинг за виолетов. Тие беа фотографирани како ја сечат својата свадбена торта во виолетови тоалети и фотографијата стана вирална.

Сега љубовниците на своите профили на Инстаграм прикачија фотографии на кои позираат во исти виолетови тоалети како оние од свадбата. Уште повеќе, двајцата позираа и на злогласните златни тронови кои беа дел од нивната венчавка, која чинеше неверојатни 1 милион фунти.

„Погледнете што најдовме! Не можеме да веруваме дека облеката уште ни стои“, коментираат тие.

Во пресрет на нивната 25-годишнина од бракот, Дејвид Бекам откри дека отсекогаш знаел дека ќе биде со сопругата Викторија неколку недели пред да се сретнат.

Во интервју за The Sun, 49-годишниот Бекам зборуваше за тоа како ја запознал Викторија, какво било неговото првично мислење за пејачката на Spice Girls и како се развивала нивната врска со текот на времето. Тој сподели дека за прв пат ја видел Вики во спот на Spice Girls и му рекол на својот соиграч од Манчестер Јунајтед, Гери Невил дека ќе се ожени со неа еден ден.

„Неколку месеци пред да се видиме, бев во странство со репрезентацијата на Англија. Јас и Гери Невил бевме во хотелската соба и на телевизорот се појави видео од Spice Girls. Покажав на екранот и му реков: „Тоа е девојката за мене и ќе ја земам. Нејзините очи, нејзиното лице ме освоија – таа е мојата идеја за совршенство“.

Интересно е што Викторија го имала истото мислење.

„Ми се допадна уште пред да се запознаеме. Се сеќавам дека правев интервју за фудбалски магазин и ми покажаа слики од различни фудбалери. Кога дојде редот, немав поим кој е тој, но мојата прва мисла за него беше дека е прекрасен“.

Дејвид и Викторија првпат се запознале во 1997 година кога таа присуствувала на натпревар на Манчестер Јунајтед. Според неа, тогаш само се поздравиле и тоа оддалеку. Договор се случил кога таа повторно отишла на неговиот натпревар, а овој пат не заборавила да го даде телефонскиот број.

„Првиот пат помислив дека ја искористив мојата шанса, но таа повторно се појави. Тогаш не можев да не го побарам нејзиниот број”, рекол Дејвид на шоуто на Елен Деџенерис.

И во нејзината автобиографија Learning To Fly, Викторија се сеќава: „Се погледнавме. И двајцата знаевме дека си се допаѓаме. Му реков: „Ајде, дај ми го твојот број и ќе ти се јавам“. ми одговори брзо како молња – не, ти дај ми го твојот број“.

При заминувањето, Викторија му го упатила следното предупредување на Дејвид: „Ви велам, господине Дејвид Бекам, ако не ми се јавите, следниот пат кога ќе ве видам, ќе ве клоцам во препоните. ”

Набргу потоа, парот оди на првиот состанок и двајцата брзо стануваат неразделни. И во јануари 1998 година, само една година откако се запознаа, Дејвид и Викторија објавија дека се вериле.

Неколку месеци пред да стане официјално семејство, парот го доби своето прво дете. Сега, 25 години подоцна, веќе имаат четворица – Бруклин (25), Ромео (21), Круз (19) и Харпер (12).