Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 мерки за управување под дејство на алкохол, две санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.