218 казнети возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.