216 казнети возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 138 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.