Една петтина или 20% од испитаните студенти во Македонија сметаат дека корупцијата e многу или екстремно присутна на нивните факултети, покажува новото истражување на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ за перцепцијата на корупцијата меѓу студентите на државните универзитети во Северна Македонија, Албанија и Србија.
Најчести форми на непосакувано однесување на факултетите се мамење на испит од страна на студентите, а 20 отсто од македонските студенти одговориле дека професорите ги условуваат да ја купат неговата / нејзината книга како би го положиле испитот или би добиле подобри оцени.
9% од студентите во земјава одговориле дека некогаш од почетокот на студиите се нашле во ситуација професор да им побара мито за подобра оцена, односно резултат.
Во однос на соседните земји вклучени во истражувањето, највисок е процентот на студенти во Македонија каде 94% од нив одговориле дека никогаш не пријавиле корупција до управата на факултетот. Непријавувањето според најголем дел од анкетираните, 59% се должи на тоа дека на факултетите нема посебна канцеларија за
Студентите сметаат дека најпогоден облик за пријавување на корупција би било онлајн формулар. Од друга страна 33% од нив се изјасниле дека причината што не пријавуваат корупција е страв од последиците за оној кој пријавува.