194 казнети возачи во главниот град

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкциja, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.