193 казнети возачи во Скопје, 50 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 20 санкции за управување под дејство на алкохол, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за некористење сигурносен појас, 18 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.