Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.