171 казнети возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.