
Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала вчеравечер е регистриран во соседно Косово, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет Скопје.
Потресот е случил во 23:09 часот, со епицентар на околу 46 километри северозападно од Скопје.
Според досегашните податоци на опсерваторијата, потресот е почувствуван во Тетово и околината.