Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за непрописно престројување на возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.