Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 30 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.