160 сообраќајни прекршоци во Скопје, 30 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 10 санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за некористење сигурносен појас, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила..

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.