16 полицајци го загубија животот, 1.300 се ранети, а 5.100 луѓе се приведени по немирите во Казахстан

Во немирите во Казахстан загинаа 16 полицајци, јавува „ТАСС“. Тамошното МВР соопшти дека повеќе од 1.300 полицајци, војници и борци од Националната гарда се ранети.

„Во немирите се приведени повеќе од 5.100 луѓе. Полицијата приведе околу 300 луѓе кои се обиделе да го напуштат Казахстан“ – соопштија од Министерството.

Сега ситуацијата во главниот град – Нур Султан е мирна.

Во Алмати, градот со најмногу жители во Казахстан на сила беше полициски час.

На 2. јануари во голем број населени места во Казахстан започнаа протести против поскапувањето на горивата. Неколку дена подоцна тие се претворија во масовни немири и напади врз Владата во многу градови. Неофицијално, бројот на жртви по немирите се искачи на 40.

Претседателот на Казахстан го прогласи 10. јануари за ден на национална жалост.