155 казнeти возачи во Скопје, 27 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 11 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, пет санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат.