152 казнети возачи во Скопје, 14 без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.