15 починати и 1.424 новозаразени со коронавирусот!

МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45…

Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции.

Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти од: Скопје – 496, Битола – 122, Куманово – 67, Прилеп – 56…

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица:  6 починати лица од Скопје (69г, 72г, 77г, 82г, 89г и 90г), по 2 починати од Велес (43г и 69г), Струмица (65г и 66г) и Прилеп (58г и 80г) и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г).

Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63г до 80г.

Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г.

Бројот на починати е 8.218, а бројот на активни случаи во земјава изнесува 20.571.