Обдукцијата на телото на 15-годишното момче кое почина вчера попладне додека пливало на плажата Неа Фогитос на Халкидики покажало дека причина за смртта е давење.
Во наредниот период се очекуваат и резултатите од хистолошките прегледи за да се расветлат повеќе околностите на смртта и да се покаже дали 15-годишното дете изгубило свест од некоја друга причина додека било во вода или се удавило додека пливало.
Грчките медиуми пишуваат дека момчето настрадано било од Липочори, а кобниот ден со другарите отпатувало на Халкидики, за сите уште еднаш да се опуштат пред почетокот на учебната година.
Момчето веќе било мртво кога го извлекле на брегот.
И покрај обидите на капачите да го реанимираат, немало спас.