147 лица уапсени во Турција поради врски со Исламска држава

Турските власти во 33 провинции во земјата уапсија 147 лица за кои се сомничи дека имаат поврзаност со операциите на терористичката организација Исламска држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Операцијата Херои-49 беше спроведена истовремено низ целата земја“, објави Јерликаја на платформата X.

Минатиот месец двајца вооружени напаѓачи на Исламска држава убија турски државјанин во католичката црква Санта Марија во Истанбул.