Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.