14 лица се повредени во судир на возови во тунел во Белград

Четиринаесет лица се повредени во петокот, од кои четворица потешко, во судир на товарен и патнички воз кој поминал на црвено светло во тунел во Белград, изјави министерот за транспорт Горан Весиќ.

– Машиновозачот, контролорот и двајца патници се пренесени во Ургентниот центар, изјави Весиќ.

На девет патници им било дозволено да си одат дома бидејќи немале сериозни повреди.

„Имавме среќа. Немаше жртви, тоа е најважно“, рече министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој го посети местото на несреќата, на околу 4 километри од центарот на Белград.

Дачиќ рече дека на местото на несреќата се испратени 25 пожарникари со седум возила бидејќи медицинските екипи не можеле да пристапат на местото.

Според Весиќ, патничкиот воз „среде тунел“ налетал на товарниот воз што стоел таму.