13 лица загинаа при ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава, а десет лица кои биле заробени биле успешно евакуирани, соопшти тамошната државна агенција за вонредни состојби.
Од вулканот Семеру вчера беа исфрлени големи количества гас, пареа и пепел, кои ги зафатија околните села во провинцијата Источна Јава по што луѓето почнале панично да бегаат.
Од 13-те загинатити лица досега само двајца биле идентификувани.
Бројот на повредени е над 100 лица, меѓу кои и две трудници. Евекуирани биле околу 1.000 луѓе.