128 казнети возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, една мерка за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.