12 месеци по 2.500 евра: Ковачевски и Спасовски побарале и добиле апанажа

Функционерското право на апанажа од февруари го користат поранешниот премиер Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Откако не останаа членови на техничката влада, тие во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по околу 2.500 евра. Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на Ковачевски и на Спасовски.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска и Исмаљ Камбери од Комисијата за заштита од дискриминација.