
Обвинетиот Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет, меѓу кои и за наведување на самоубиство на Ивана и Катја.
Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на својата ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места и во присуство на детето.
Јовановски ѝ се заканувал велејќи ѝ дека ќе ја избрка од станот, ќе ја убие и ќе ѝ ја земе Катја.
За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години. Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.