11 Oктомври – темелот врз кој е изградена македонската држава

- Настанот од 11 oктомври 1941 година е неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ и го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ). Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред и акциите кои тие ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата.

11 Октомври е празник на востанието против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна

– Настанот од 11 oктомври 1941 година е неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ и го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ). Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред и акциите кои тие ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата.

Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година, започнаа вооружените акции и во Кумановско. Во месноста Менкова колиба беше формиран Карадачкиот партизански одред, којшто заедно со Кумановскиот партизански одред формиран во месноста Студена вода ги интензивираше воените дејствија до 17 октомври 1941 година.

На 11 Октомври секоја година се сеќаваме на овој настан, кој е меѓник во борбата за самобитност и самостојност и со право можеме да потврдиме дека борците од Народноослободителната борба заедно со прогресивни слободарски сили од другите народи дадоа голем придонес во победата над фашизмот и на светско ниво.