1.000 текстилни работници добија плата под минималната

Според информациите презентирани од Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“, 7 текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата, а 1.000 текстилни работници кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.

Ампева појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари.

„Имаме  случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги  доставуваме до Инспекторатот за труд“ – вели Ампева.

Поради владините субвенции за минимална плата, во одредени фирми и супермаркети платите доцнеле, вели таа.