
Украина се уште не реагирала на наводите на Москва дека Франција подготвува воен контингент кој ќе биде испратен во таа земја зафатена од војна!
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин тврди дека прво ќе биде испратен контингент од околу 2.000 војници, а според него Французите веднаш ќе станат приоритетни цели.
Засега не се огласи ниту Париз, но на француската телевизија LCI веќе разговараат каде би можеле да бидат стационирани француските војници во Украина.
Картата покажува две хипотетички сценарија кои вклучуваат воено распоредување долж реките Днепар и долж границата со Белорусија. Сценаријата ги составил полковникот Винсент Арбаретје, кој бил поканет во студиото како експерт.
— Pluton (@Pluton45873221) March 19, 2024
Арбаретје тврди дека распоредувањето на француски војници долж реките Днепар ќе и покаже на Руската Федерација каде е „црвената линија“ и дека не треба да навлегува на територијата на десниот брег на Украина. Распоредувањето долж границата со Белорусија наводно ќе го заштити Киев од инвазија. Арбаретје наведува и дека е можна мешана опција со распоредување на армијата на двете локации.
— Pluton (@Pluton45873221) March 19, 2024
Според него, Франција обезбедила 20.000 војници собрани во мобилните бригади за такво сценарио.
– Станува збор за распоредување на единици кои можат многу брзо да реагираат за да ги задржат Русите подалеку – рече Арбаретје.
Украинскиот портал „Страна“ потсетува дека темата за испраќање западни трупи се интензивирала поради зголемениот недостиг на персонал во украинската армија. Поставувањето на западните трупи во задните области ќе им овозможи на единиците на украинските вооружени сили да бидат испратени на фронтот. Истовремено, Западот е загрижен и за проблемот со мобилизацијата.
Лидерот на француската партија „Патриоти“ Флоријан Филипо остро реагираше на наводите дека Франција подготвува воен контингент за испраќање во Украина! Филипо, кој е кандидат на изборите за Европскиот парламент, предупредува дека француските војници треба да одбијат да ја извршат наредбата да заминат во земјата зафатена од војна.