Џонсон: Ќе биде катастрофа ако Путин може да тврди дека победил!

 

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон вели дека Западот мора да продолжи да ги поддржува Украинците додека тие се обидуваат да ја вратат територијата заземена од Русија. Тој нагласува дека „ќе биде катастрофа доколку рускиот претседател Владимир Путин може да тврди дека победил“ јави „ДПА“.

Џонсон предупреди дека Украина не треба да се охрабрува да прифати „лош мир“ што едноставно ќе биде увертира за обновена руска офанзива. Рече дека е важно да се покаже поддршката на Лондон во време кога Украинците „ужасно страдаат“ пред тековната руска офанзива во Донбас.

„Мислам дека е многу важно да се оди во Украина во особено критично време. Загриженоста што ја имаме е дека малку замор од Украина почнува да се појавува низ целиот свет. Многу е важно да покажеме дека сме со нив на долг рок и им ја даваме стратешката издржливост што им е потребна“ смета Борис Џонсон.

Тој додаде дека Украинците треба да бидат поддржани во нивната амбиција да ја вратат територијата окупирана од руските сили.