Џонсон: Јасно е дека Путин направи катастрофална грешка со инвазијата врз Украина

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон изјави дека би било грешка да се нормализираат односите со рускиот претседател Владимир Путин по руската инвазија врз Украина.

„Да се ​​обидеме повторно да ги нормализираме односите со Путин по ова, како што направивме во 2014 година, би значело повторно да ја направиме истата грешка“ – изјави Џонсон.

Тој рече дека земјата стои со народот на Украина.

„Со секој ден кога херојскиот отпор на Украина продолжува, јасно е дека Путин направи катастрофална грешка“ – рече Џонсон.

Го праша Путин зошто почна целосна инвазија на Украина?

„Тој беше исплашен од Украина, бидејќи во Украина имаат слобода на говор. И во Украина имаат слободни избори и со секоја година Украина напредуваше, не секогаш лесно, кон слобода и демократија и отворени пазари, тој се плашеше од украинскиот пример и се плашеше од имплицитниот прекор кон себе“ – рече Џонсон.