Џонсон: Целта на Британија не е промена на режимот во Москва!

 Целта на Велика Британија не е промена на режимот во Москва или смена на рускиот претседател Владимир Путин“ – изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, прецизирајќи дека намерата на Лондон е да ги заштити Украинците во војната.

„Ја разбирам фрустрацијата на народот поради Путин и желбата да се смени владата. Тоа е целта на многу демократски политики“ – изјави Џонсон пред пратениците.

Тој истакна дека промената на рускиот режим не е цел на британската влада и дека е многу важно тоа сите да го разберат.

„Ние едноставно се обидуваме да помогнеме во заштитата на народот на Украина, да го заштитиме од целосно варварско и неразумно насилство“ – рече Џонсон.